25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска: Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, догодина социјалната помош ќе се...

Царовска: Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, догодина социјалната помош ќе се зголеми

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба во општинската организација на СДСМ во Центар порача дека СДСМ како чинител на власта ќе најде начин да ги направи пензиите одржливи, како и двапати годишно тие да се усогласуваат со трошоците за живот.

Според Царовска, во план е социјалната помош да се зголеми, но тоа ќе се случи следната година. „Во 2018 година најрано ќе се зголеми социјалната парична помош во согласност со линијата на сиромаштија. Социјалната помош за четиричлено домаќинство ќе треба да биде 12.000 денари, со тоа што тие што ќе примаат таков тип социјална парична помош ќе треба да се активираат на пазар на труд и да работат“, вели министерката.

Што се однесува до лицата со попреченост, кои од денеска ќе кампуваат пред Собранието, Царовска вели дека се предвидува решавање на дел од нивните барања.

„Тие нема да можеме сите наеднаш да ги решиме, но ние веќе имаме пет точки од нивните барања кои со итни промени на законот ќе ги надминеме. На пример, целиме кон тоа родителите на тие лица да имаат право на стартно работно време и по 26 години и да остваруваат додаток за туѓа нега без цензус од 21.000 денари“, тврди Царовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП