28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСеминар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

Семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

На 20.06.2017 година (вторник) со почеток од 10:00 до 14:00 часот во НЛБ Галеријата (на ул.Мајка Тереза бр.1, Скопје) се одржа семинарот „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој Семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

Темата на семинарот беше „Мојот бизнис во бројки: Како да управувате со Вашите финансии?“, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да управуваат со својот бизнис и финансии. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

Што претставува кредитната програма за жени во бизнисот?

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во бизнисот.

Оваа сеопфатна програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

За кого е наменета кредитната програма за жени во бизнисот?

Програмата за жени во бизнис е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во програма за менторство како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП