18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа или против отворање рудници - Референдум во Дојран на 23 јули

За или против отворање рудници – Референдум во Дојран на 23 јули

Советот на Општина Дојран одлучи да се одржи референдум на 23 јули, кога жителите ќе се изјаснат дали се за или против отворање рудници на територијата на општината.

Советниците сметаат дека тоа треба да биде единствено референдумско прашање бидејќи, според нив, тоа е сеопфатно и нема потреба да се изјаснуваат за стопирање на рудникот „Казандол“ во соседната општина Валандово. Референдумот во Дојран требаше да се одржи на 18 јуни, но одлуката на Советот за негово спроведување не ја потпиша градоначалникот Борче Стамов, бидејќи во тој момент не му бил продолжен мандатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП