25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays обвинета за финансиска измама во случајот Катар

Barclays обвинета за финансиска измама во случајот Катар

Битанската банка „Barclays“ и четворица поранешни раководители се обвинети за измама поради своите акции во финансиската криза во 2008 година. Случајот за сериозна измама се однесува на милијарда фунти што банката ги подигнала од инвеститори во Катар овозможувајќи избегнување владина финансиска помош.

„Barclays“ вели дека ја разгледува својата позиција и чека понатамошни детали.

„Обвиненијата се јавуваат во контекст на капитализирањето на „Barclays“ во јуни и ноември 2008 година. „Barclays“ чека дополнителни детали за обвиненијата од СФО”, се вели во соопштението на банката.

Ова е првпат кривична пријава поврзана со финансиската криза да биде поднесена против банка во Велика Британија.

Поранешниот главен извршен директор Џон Варли е еден од четворицата поранешни вработени кои ќе се соочат со судиите на Вестминстер на 3 јули. Поранешниот инвестициски банкар Роџер Џенкинс, поранешен главен извршен директор на Одделот за богатство на „Barclays“, Томас Каларис, и поранешниот европски раководител на финансиски институции, Ричард Бот, се обвинети за заговор за извршување измами во главниот град во јуни 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП