20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарскиот гигант го напушта Лондон, има нов центар

Швајцарскиот гигант го напушта Лондон, има нов центар

Швајцарската корпорација „Glencore“ планира да го пресели својот оддел за глобално тргување со шеќер од Лондон во Ротердам.

Причината е тоа што швајцарскиот гигант има намера да ги обедини своите европски трговци за земјоделски производи во холандскиот град, каде се наоѓа седиштето на неговиот оддел за аграр.

Преселбата, која се очекува до крајот на оваа или почетокот на 2018 година, ќе опфати десетици трговци, известува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со тоа прашање.

„Glencore“ го групира целокупното европско земјоделско тргување во Ротердам отакако компанијата минатата година основаше засебна агобизнис единица и продаде 49 проценти на Канадскиот пензиски фонд (CPPIB) и корпорацијата на Британската Колумбија за управување со инвестициите за 3,1 милијарди долари во готовина, додава њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП