24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа неколку дена се резервирани 4 милиони: Пристигнува новиот Honor 9 (видео)

За неколку дена се резервирани 4 милиони: Пристигнува новиот Honor 9 (видео)

Брендот на „Huawei“, „Honor“, пред неколку дена, во Кина го претстави наследникот на моделот „Honor 8“, а пред почетокот на продажбата се резервирани речиси 4 милиони уреди, пренесува „Android Headlines“.

Причините се јасни: телефонот нуди одлични карактеристики и привлечна цена што претставува „мамец“ за кинеските купувачи. Слично би можело да се очекува и во Европа, каде европската верзија на „Honor 9“ ќе има премиера на 27-ми јуни во Берлин.

Телефонот доаѓа со значително подобрен хардвер, кој вво некои детали е значително поконкурентен од  топ моделот на „Huawei“, „P10“. „Деветката“ на купувачите им нуди екран од 5,15 инчи (Full HD), двојна задна камера од 20 и 12 мегапиксели и предна од 8 мегапиксели.

„Honor 9“ го има процесорот „Kirin 960“, идентичен како кај топ моделот на „Huawei“. Купувачите ќе можат да бираат меѓу 4 и 6 GB RAM и 64 или 128 GB интерна меморија. Капацитетот на батеријата изнесува 3.200 mAh.

Телефонот во Кина стартува со почетна цена од 338 долари за 4/64 GB модел, додека верзијата со 6/64 GB ќе чини 397 долари.

Најскапата верзија е онаа со 6 GB RAM и 128 GB меморија, која ќе се продава по цена од 441 долари, а тоа е далеку под цената на топ моделите на главните ривали на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП