28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Sharq Village & Spa ресорт во Доха (фото)

Луксузниот Sharq Village & Spa ресорт во Доха (фото)

„Sharq Village & Spa“ ресортот во Доха претставува оригинален арапски дизајн, додека на своите гости им обезбедува највисоко ниво на луксуз и модерни погодности…

Во овој ресорт постојат 174 луксузно опремени соби и апартмани, кои вас ве очекуваат како магична оаза во пустина, за да ви овозможат совршено искуство на одмор и релаксација. Најимпресивниот апартман се простира на две нивоа и завзема 300 метри квадратни во „Shyuokh Royal“ вилата.

Апартманот има свој двор, заграден со бујна вегетација која додатно ја разубавува каскадната фонтана во самиот центар, а тука е и, секако, големиот број на други луксузни погодности, како што се приватниот затворен базен, теретаната и приватниот спа дел со соба за интригантни третмани.

Што се однесува до јадењето, тие се многу дарежливи и широкогради – се сервира се: од едноставни брзи ужини до персиска или арапска кујна. Во склоп на овој ресорт се наоѓа прочуениот „Six Senses“ спа центар, кој нуди преку 250 третмани, арапски, тајландски, шведски и многу други.

Секако, овој дел од планетата земја има посебни природни убавини, кои можете да ги истражите и да уживате во нивната магија, знаејќи дека ве очекува нешто навистина магично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП