20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМбапе сака да оди во Реал или никаде на друго место

Мбапе сака да оди во Реал или никаде на друго место

Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, решил во кој клуб да ја продолжи својата кариера.

Осумнаесетгодишниот француски репрезентативец го известил раководството на Монако дека негова следна цел во кариерата е Реал Мадрид.

„Или ќе одам Реал или нема да одам никаде“, ги пренесува зборовите на Мбапе, весникот „Марка“.

Според весникот, прашање на време е кога младиот напаѓач ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Интересно е и дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан, би сакал Мбапе да потпише договор, а потоа да го испрати на позајмица во некој друг клуб или да остане уште една година во Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП