24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПозната со векови: Црвената рибизла ги зајакнува коските

Позната со векови: Црвената рибизла ги зајакнува коските

Вкусната и лековита црвена рибизла е популарна со векови. Содржи јаглени хидрати, влакна и протеини, а калории во траги.

Пребогата е со каротен кој во организмот го синтетизира витаминот А, кој е важен за заштита на слузокожата и подобрувањето на размената на материи на клеточно ниво.

Бобинките содржат дури половина од дневните потреби за витаминот Ц, поради што се препорачува кај авитаминоза.

Високата концентрација на витамин Ц ја прави оваа бобинка исклучителен антиоксиданс кој помага во спречувањето на разните облици на карцином.

Таа е добар извор на витаминот К, па се препорачува за одржување на здравјето на коските, бидејќи го активира остеокалцинот кој помага во вградувањето на калциумот во коските.

Обезбедува и здраво згрутчување на крвта како заштита на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува работата на цревата и го забрзува закрепнувањето после хируршки интервенции.

Бобинките од црвената рибизла отвораат и апетит, го зајакнуваат организмот и штитат од наталожените штетни материи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП