24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го доби Малме во квалификациите за Лигата на Шампионите

Вардар го доби Малме во квалификациите за Лигата на Шампионите

Македонскиот шампион Вардар го дозна името на тимот против кого ќе игра во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Денешната жрепка во Нион на Вардар му го додели тимот на Малме, 19-кратен шведски шампион и клуб во кој Златан Ибрахимовиќ ја почна својата професионална кариера.

Малме има искуство во Лигата на шампионите, во фазата по групи шведскиот првак играше во сезоната 2015/2016.

Вардар ќе гостува во првиот натпревар, на 11 или 12 јули, а реваншот во кој македонскиот шампион ќе биде домаќин ќе се одигра на 18 или 19.јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП