Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,998.40 -0.03%    GRNT 820.00 0.49%    KMB 3,323.14 -0.67%    MKSD 239.00 19.5%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,199.00 -0.02%    OHB 5,050.00 0%    OKTA 3,700.00 2.78%    RMDEN16 94.80 0%    RZLV 53.00 -1.05%    RZUS 134.00 -0.56%    SBT 2,101.00 -1.82%    STB 940.57 0.06%    STIL 144.97 -0.02%    TEL 300.00 1.35%    TETE 2,170.00 2.79%    TPLF 1,627.92 4.65%    

Изложбата „Дела на хартија“ на Петар Хаџи-Бошков во МСУ

Време: 12:58

Датум: јуни 19, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Во Музејот на современата уметност во Скопје, утревечер ќе биде отворена ретроспективната изложба „Дела на хартија“ на еден од најзначајните македонски скулптори Петар Хаџи-Бошков (1928-2015, Скопје).

Изложбата „Дела на хартија“ за првпат го претставува творештвото на Хаџи-Бошков видено низ призмата на цртежот и графиката, како значаен дел од создавањето на неговиот скулпторски опус, но и како автономен дел во формирањето на неговите уметнички и авторски дострели. Хаџи-Бошков е исклучително плоден уметник кој во текот на педесет години од своето творештво има создадено околу 2.000 графики и цртежи, со кои се претставува редовно на своите самостојни изложби, но и на многубројни меѓународни изложби, а добитник е и на редица домашни и интернационални награди за графика. Овој дел од неговото творештво досега е поцелосно прикажан единствено во рамките на неговата прва ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност во Скопје во 1989 година.

Изложбата „Дела на хартија“ вклучува голема селекција од над 300 графики, цртежи, графички мапи, скици, студии и колажи, од кои неколку значајни циклуси и проекти на уметникот ќе бидат изложени за првпат пред нашата јавност. Така на пример, на изложбата ќе може да се види последниот голем циклус на извонредно сугестивните монотипии и цртежи насловени „Психопејзажи“, работени помеѓу 1998 и 2004 година, како и скиците и подготовките за проектот „Крајот на векот“ за нереализираното учество на Биеналето во Венеција во 1999 година.

Но, освен нив ќе бидат поставени и повеќе неизложувани или за помладата публика непознати циклуси и поединечни дела. На изложбата е вклучен и помал избор на скулптури како референтни точки во релацијата со делата на хартија.

Насловот на изложбата „Дела на хартија“ го означува начинот и техниките кои Хаџи-Бошков ги применува во овој медиум, а кој покажува дека без оглед дали се работи за графичко дело или скица за разработка на некоја идеја, приодот на уметникот е како кон посебно и завршено уметничко дело.

Универзалните теми на човекот или фигурата, земјата или пејзажот и космосот или просторот, кои Хаџи-Бошков ликовно ги обработува во неговото импресивно скулпторско творештво главно со помош на ритамот на светлината и сенката, во делата на хартија имаат посебна снага и значење, не само поради мајсторството на уметникот во владеењето со цртежот и графичките техники, туку и поради спецификите на медиумот кои вклучуваат поголема наративност и симболичност во претставувањето.

Куратор на изложбата е Зоран Петровски. По повод изложбата ќе биде отпечатен и репрезентативен каталог со есеите на историчарите на уметноста Лилјана Неделковска и Лазо Плавевски, кои пишуваат за делото на Хаџи-Бошков Петар и неговото значење за модернизмот во македонската култура.

Изложбата ќе биде отворена до 01 август 2017 година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Симон Трпчески доби овации од белгиската публика

    Симон Трпчески доби овации од белгиската публика

    Македонскиот пијанист Симон Трпчески, ја одушеви белгиската публика синоќа во една од најпрестижните сали во земјата, „Бозар“ во Брисел. Заедно со симфонискиот оркестар на белгиската…

  • Солистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

    Солистички концерт „Вокална магија“ на бас-баритонот Милан Силјанов во Македонската филхармонија

    Македонската филхармонија, за 22 февруари во 20 часот, го најавува концертот „Вокална магија“, на кој како солист ќе настапи извонредниот бас-баритон од Швајцарија, уметник кој…

  • За „Роман на годината“ во вториот круг се 11 романи

    За „Роман на годината“ во вториот круг се 11 романи

    Единаесет романи влегоа во вториот круг за избор на етаблираната награда „Роман на годината“ за 2017 година, која по згаснувањето на „Утрински весник“ продолжува да…

  • Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови

    Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови

    Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови: Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски, Ана Мартиноска, Славица Гаџова Свидерска, Лира Бојку, Тихомир Јанчовски и…

  • Влатко Стефановски ќе биде прв филмски уредник со причина во Кинотеката на Македонија

    Влатко Стефановски ќе биде прв филмски уредник со причина во Кинотеката на Македонија

    Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Програмата…

  • Објавена книгата „Можеби заминуваме“ од чешкиот писател Јан Балабан

    Објавена книгата „Можеби заминуваме“ од чешкиот писател Јан Балабан

    Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата со раскази „Можеби заминуваме“ на чешкиот писател Јан Балабан, во превод од чешки…

  • Ај Кју ќе ја претставуваат Македонија на „Евровизија“

    Ај Кју ќе ја претставуваат Македонија на „Евровизија“

    Ај Кју ќе бидат македонските претставници на „Евровизија“ што ќе се одржи во Лисабон во мај. Тие ќе ја пеат песната Lost and found. Автор…

  • Отворен филмскиот фестивал „Киновева“

    Отворен филмскиот фестивал „Киновева“

    Вчера во Кинотеката на Македонија се отвори ретроспективната програма на Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје со проекцијата на шпанскиот дебитанстки филм „Летo 1993“ ( Summer…

  • Кураторскиот тим на МСУ во работна посета на солунските музеи

    Кураторскиот тим на МСУ во работна посета на солунските музеи

    Тимот од Музејот на современа уметност Скопје беше во неколкудневна работна посета во неколку водечки институции од областа на современата уметност во Солун. Првиот човек…

  • Изложба „Борко Лазески 1917-1993“ во Даутпашиниот амам

    Изложба „Борко Лазески 1917-1993“ во Даутпашиниот амам

    Одбележувањето на 70-годишнината на Националната галерија на Македонија е посветено на уште еден голем јубилеј, 100 години од раѓањето на Борко Лазески. Чествувањето започна со…