Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,801.99 -1.64%    BESK 10,275.00 -3%    GRNT 810.00 -0.06%    KMB 3,389.73 -0.22%    MERM 800.00 -20%    MPT 29,500.63 0%    OKTA 3,620.00 0.56%    RMDEN16 94.90 0.11%    RZUS 139.00 3.73%    SBT 2,041.00 -2.86%    STB 940.85 0.03%    STIL 139.03 -4.1%    TETE 2,286.67 2.27%    TKVS 3,110.00 2.98%    TNB 13,581.59 -0.42%    TPLF 1,649.90 1.35%    TTK 947.00 -2.97%    UNI 2,050.00 0%    

Хуманитарен пазар на ракотворби изработени од бегалци – „Создади надеж“

Време: 11:07

Датум: јуни 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

По повод светскиот ден на бегалците, денеска, во 18 часот, во дворот на Сули ан во Скопска чаршија ќе се одржи хуманитарен пазар на над 100 ракотворби (накит, цртежи и слики) изработени од бегалци, под мотото „Создади надеж“.

Во февруари и март оваа година се одржаа 15 работилници за ликовна/уметничка терапија со 139 учесници бегалци и мигранти, со цел да им се помогне во справувањето со траумите што ги преживеале во текот на нивното патување кон подобар живот и во подобрувањето на нивната емоционална, духовна, когнитивна и физичка благосостојба.

Седумнаесетгодишно момче кое четири месеци престојува во Транзитен центар – Табановце го сподели својот впечаток од работилниците:

– Овие работилници ми беа безбедно место за социјално дружење. Но, ми беа и повеќе од тоа, тие ми помогнаа да ги изразам своите чувства преку моите уметнички дела и ми ја дадоа потребната самодоверба да извршувам и други активности. Исто така, ми помогнаа да ги развијам вештините што ми се потребни за да станам вистински уметник.

Работилниците за ликовна терапија се организираа во рамки на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведуван од Македонското здружение на млади правници во соработка со Отворена порта-Ла Страда.

Собраните средства ќе бидат искористени за потребите на бегалците и мигрантите што транзитираат или престојуваат во Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Зголемен бројот на нови државни и општински огласи за привремени вработувања

    Зголемен бројот на нови државни и општински огласи за привремени вработувања

    Генералниот секретаријат на Владата на „Бирото за јавни набавки“ вчера објави нов оглас за ангажирање Агенција за привремени вработувања. Станува збор за сума од 10…

  • Хелсиншки: Регистриран голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните

    Хелсиншки: Регистриран голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните

    Во земјава се регистрирани голем број на повреди на економските и социјалните права на граѓаните, што се должи на се поголемата сиромаштија во земјата, високиот…

  • Македонија е меѓу просечните земји во ЕУ според бројот на вработени во културниот сектор

    Македонија е меѓу просечните земји во ЕУ според бројот на вработени во културниот сектор

    Според податоците на „Еуростат“, Република Македонија како земја претендент за членство во ЕУ, се најде во рангирањето за вработените во културниот сектор. Нашата земја во…

  • Започна пријавувањето за престижните награди на “Sarajevo Business Bridge Awards 2018”

    Започна пријавувањето за престижните награди на “Sarajevo Business Bridge Awards 2018”

    Сараево Бизнис Форум (СБФ), водечката конференција за инвестиции во Југоисточна Европа, на 25 април ќе ги додели престижните признанија “Sarajevo Business Bridge Awards” на компаниите и…

  • Просечната плата во регионот највисока во Словенија и Хрватска, најниска во Македонија и БиХ

    Просечната плата во регионот највисока во Словенија и Хрватска, најниска во Македонија и БиХ

    Според последните официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниските во Македонија и БиХ. Според последните официјални статистички…

  • Министерот кој се обиде да го забрани биткоинот беше пронајден мртов

    Министерот кој се обиде да го забрани биткоинот беше пронајден мртов

    Јужнокорејскиот владин министер, Јунг Ки-Џон (52), кој работел на програма за регулирање на криптовалутите, беше пронајден мртов. Медиумите известуваат дека наводно тоа е срцев удар.…

  • Иванов ja доби наградата за лидер кој инвестира во новите генерации

    Иванов ja доби наградата за лидер кој инвестира во новите генерации

    Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчеравечер во Истанбул ја прими наградата за „Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација“, по повод прогласувањето на…

  • УНИЦЕФ: Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа

    УНИЦЕФ: Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа

    Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа. И додека таа е во опаѓање во другите земји од Западен Балкан – овде…

  • „Новиот спасувачки фонд на еврозоната под контрола на членките“

    „Новиот спасувачки фонд на еврозоната под контрола на членките“

    Европскиот монетарен фонд, планиран како замена за спасувачкиот фонд на еврозоната, би требало да биде под контрола на земјите членки и независен од Европската комисија.…

  • Имотите во Германија се преценети за до 35%

    Имотите во Германија се преценети за до 35%

    Вредноста на имотите во германските градови може да биде преценети за 15 до 30%, објави „Бундесбанк“. Германската централна банка предупреди дека отстапувањето може да достигне…