23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda Fabia ja мина границата од 4 милиони

Skoda Fabia ja мина границата од 4 милиони

Компанијата „Skoda“ прослави двоен јубилеј. Од производниот погон на фабриката во Млада Болеслав слезе 500.000-тиот примерок од третата генерација на „Fabia“. Тоа беше бела караван верзија со 1,0-литарски бензински турбомотор, кој се нуди по последниот редизајн на моделот.

Истовремено со тоа чешкиот автопроизводител соопшти дека целиот тираж на трите генерации на моделот ја минал границата од 4 милиони примероци. Од првата генерација која се произведуваше во периодот 1999-2007 година се направени 1.790.000 хечбек и каравани.

Втората генерација се произведуваше од 2007-ма до 2014-та година, а запиша малку поскромен резултат – 171.000 примероци. Третата генерација дебитираше во есента 2014-та година на автосаемот во Париз.

Во моментов „Fabia“ е втор по популарност модел на Чесите, па само за првите 5 месеци од 2017-та година од него се продадени 91.400 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП