18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs планира двојно зголемување на персоналот во Франкфурт

Goldman Sachs планира двојно зголемување на персоналот во Франкфурт

Инвестициската банка „Goldman Sachs Group“ почнува да го преселува персоналот од Лондон во позадината на преговорите за „Brexit“ кои почнуваат денеска, соопштува „Bloomberg“.

„Почнавме да преместуваме ресурси кон Франкфурт и други европски градови“, вели Ричард Гноуд кој е директор на европската единица на банката, пред германското издание „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

Според него тоа е многу веројатно персоналот во Франкфурт да се зголеми двојно во однос на сегашните 200 лица. Според Гноуд, Франкфурт има предност пред другите европски градови, вклучувајќи ги Париз и Даблин, бидејќи таму се наоѓа седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Извори на „Bloomberg“ тврдат дека „Goldman Sachs“ бара канцелариски простор во Франкфурт, што може да се претвори во новиот европски тргувачки центар на банката. Освен тоа финансиската институција планира да најде уште место во зградата каде што сега се сместени нејзините канцеларии.

Претходно оваа година друг анонимен извор рече дека од „Goldman“ планираат преместување до 1.000 вработени во Франкфурт.

Според институтот „Bruegel“, Лондон може да изгуби до 30.000 работни места во финансискиот сектор заради „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП