Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,302.00 0.01%    CEVI 964.00 2.89%    KMB 2,698.99 0%    KVAS 11,000.00 -1.79%    MPT 27,000.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    RZUS 105.32 2.25%    STB 910.00 0%    STIL 129.00 0%    TEL 278.30 1.1%    UNI 1,900.00 0.01%    VITA 7,275.00 0%    

Ракометарите изборија пласман на ЕП во Хрватска

Време: 08:17

Датум: јуни 19, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство во Хрватска. Во решавачкиот натпревар Македонија ја декласира Чешка 33:20 (16:10) и квалификациите ги заврши како првопласирана во Групата 4.

Македонските ракометари одиграа брилијантен натпревар, целосно ја надиграа чешката селекција и заслужено изборија пласман на ново големо натпреварување, во случајов Европско првенство, кое во јануари наредната година ќе се одржи во Хрватска.

Дека ништо нема да му препуштат на случајот избраниците на селекторот Раул Гонзалес покажаа уште на почетокот на натпреварот, имаа 3:1 по пет минути, потоа 7:4 и 10:7, а во финишот на првиот дел ја достигнаа максималната предност за овој период од играта 16:10.

Капитенот Лазаров го носеше тимот во првиот дел, тој за 30 минути постигна девет од 16-те гола на македонската репрезентација.

Доколку Чесите имаа некои надежи дека ќе можат да внесат неизвесност во натпреварот, тие згаснаа по само три минути игра во второто полувреме кога Македонија имаше 18:10.

На половина од вториот дел Македонија стигна до двоцифрена разлика 24:14. Првите 15 минути од второто полувреме му припаднаа на голманот Ристовски, кој имаше неколку неверојатни интервенции.

До крајот на мечот ракометната рапсодија беше зачинета со неколку атрактивни „цепелини“, одбрани на голманот Ристевски и неверојатната атмосфера во арената „Борис Трајковски“.

Лазаров беше најефикасен со 11 голови, шест постигна Манасков, а голманот Ристовски заврши со 15 успешни интервенции.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Заев: Создаваме стабилна бизнис-клима и одржлив економски модел

    Заев: Создаваме стабилна бизнис-клима и одржлив економски модел

    Создаваме стабилна бизнис-клима и одржлив економски модел, што Македонија ја позиционира како крајна и стабилна бизнис-дестинација за инвестирање, порача претседателот на Владата на Република Македонија,…

  • Како неутрални спортисти ќе може да настапат Русите во Пјонгчанг

    Како неутрални спортисти ќе може да настапат Русите во Пјонгчанг

    Олимпискиот комитет на Русија и формално им дозволи на своите спортисти да настапат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг како неутрални натпреварувачи. „Едногласно е мислењето…

  • За плати, пензии и социјала, догодина 43,37 милијарди денари

    За плати, пензии и социјала, догодина 43,37 милијарди денари

    Министерството за труд и социјална политика, со буџет од 43 милијарди 375 милиони и 583 илјади денари во 2018 година, ќе ги решава проблемите во…

  • Лајткоинот поскапе за 4.000% за нов рекорд

    Лајткоинот поскапе за 4.000% за нов рекорд

    Додека сите гледаа во најпопуларната криптовалута, биткоинот, една од неговите најстари алтернативи, исто така, почна да ги соборува рекордите. Лајткоинот постигна цели 65% раст во…

  • 50 најдобри дестинации за патување во 2018

    50 најдобри дестинации за патување во 2018

    Од одалечени идилични острови до светски престолнини, овие дестинации се одличен избор за туристите во 2018 година, пишува Travel+Leisure. Туристите денес се повеќе од било…

  • Toyota ја менува генерацијата на ривалот на BMW Series 5

    Toyota ја менува генерацијата на ривалот на BMW Series 5

    Големиот седан „Toyota Avalon“ седан не е достапен во Европа, но тоа е предводникот на јапонскиот бренд во САД. Сега компанијата се подготвува за ослободување…

  • Inditex продава 16 продавници на Zara поради зголемена онлајн продажба

    Inditex продава 16 продавници на Zara поради зголемена онлајн продажба

    „Inditex SA“, најголемиот трговец на облека во светот, бара купувач за 16 продавницата на „Zara“ на Пиринејскиот Полуостров, каде се повеќе почнува да просперира онлајн…

  • Колку долго намирниците смеат да стојат во замрзнувач?

    Колку долго намирниците смеат да стојат во замрзнувач?

    Чувањето на храната на ладно место е најдобриот начин да го продолжите нејзиниот рок. За да бидете сигурни дека одмрзнатата храна е свежа, нутритивна и…

  • Интернет економијата во Југоисточна Азија ќе достигне 50 милијарди долари во 2017-та

    Интернет економијата во Југоисточна Азија ќе достигне 50 милијарди долари во 2017-та

    Интернет економијата на Југоисточна Азија – од онлајн резервации и шопинг до споделено патување, ќе достигне 50 милијарди долари во оваа година, а предвидувањата се…

  • Основачот на Инстаграм: Правилото „5 минути“ е лек за одложувањето

    Основачот на Инстаграм: Правилото „5 минути“ е лек за одложувањето

    Потребни ви се само 5 минути да престанете со одложувањето на своите цели. Еве како… Пет минути не се доволно време за било што добро…