19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTakata е пред банкрот

Takata е пред банкрот

Јапонскиот производител на воздушни перничиња „Takata“ е пред банкрот и има намера да поднесе барање за заштита од доверителите, пренесува „DPA“, повикувајќи се на информации од јапонскиот финансиски весник „Nikkei“.

Документот може да биде поднесена уште во следната недела во САД или Јапонија, а причината се последиците од огромните серии од сервисни акции.

Како што тврди извор запознат со случувањата, со чекор треба да се ограничат постојаните зголемени обврски поради неисправни воздушни перничиња. Американскиот производител на автомобилски делови „Key Safety Systems“ и Фондот за ризичен капитал „Bain Capital“ во моментов се обидуваат да се договорат со „Takata“ и нејзините клиенти за спасувачки пакет во износ од 1,6 милијарди евра.

Во меѓувреме, компанијата се надева дека ќе добие заштита од доверителите и така да може да работи во обичниот режим за време на реструктуирањето.

Поради високите трошоци за сервисните акции компанијата предвиде сериозни загуби во текот на три последователни години. Во последната фискална година загубата беше во износ од 640 милиони евра. Во позадината на големите долгови кон доверителите од над 1 илјада милијарди јени (8,1 милијарди долари) тоа би претставувало најголемиот банкрот на производствена компанија во јапонската повоена историја.

Во средината на јануари јапонската компанија се договори со Министерството за правда на САД да плати глоба во износ од околу 1 милијарда долари. Компанијата, исто така, призна дека е виновна за кривично дело и се согласи да биде во текот на три години, под водство на независен ревизор.

Неисправните компресорски пумпи за воздушни перничиња на компанијата ги принудија автомобилските производители да повлечат 100 милиони автомобили на глобално ниво. Перниците можат да се надувуваат со премногу голема сила и, да ги растераат металните честички за повредување на возачот или патниците. Засега барем 16 смртни случаи и над 180 повреди се поврзани со овој дефект во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП