18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМоже ли Stelvio да ја компензира слабата продажба на Giuliа?

Може ли Stelvio да ја компензира слабата продажба на Giuliа?

Фановите на брендот „Alfa Romeo“ ги израдува појавувањето на новата генерација на автомобили кои најавиja подобри денови за овој италијански производител, но првите резултати од продажбата на лимузината „Giulia“ се под очекувањата.

„Alfa Romeo“ долго најавуваше „камбек“, а кога на пазарот конечно се појавива модели од целосно нова генерација, изгледа дека не оди се како што планирале.

При премиерата на „Giulia“, шефот на компанијата „FIAT-Chrysler“, Серџо Маркионе, рече дека очекува годишната продажба на овој седан да се движи од 75.000 и 100.000 aвтомобили.

Meѓутоа, од лансирањето во мај 2016-та, па до април 2017-та во Европа се продадени нешто помалку од 19.000 примероци на „Giulia“, додека во првите 4 месеци од 2017-та, во САД се испорачани само 1.600 возила.

Во меѓувреме, пристигна уште еден модел, „Stelvio“, кој е дел од популарниот „SUV“ автомобилски сегмент и кој би може да го надополни слабиот старт на моделот „Giulia“.

Маркионе очекува дека „Alfa“ во 2017-та на купувачите ќе им испорача околу 170.000 возила (во таа бројка би требало да се сметаат и два помали модели чиј животен век е при крајот, „Giuliettа“ и „MiTo“, кои се продаваат на европскиот пазар), но „Automotive News“ наведува дека пореално е продажбата да се движи околу 120.000 единици.

Аналитичарите на автомобилскиот пазар сметаат дека сега е тешко да се предвиди како „Stelvio“ ќе мине на пазарот во својата прва година од продажбата, а дека првите релевантни резултати ќе ги имаат дури во третиот квартал од 2017-та.

Имено, според нивните зборови, тогаш ќе биде познатко каков прием овој „SUV“ ќе има на клучните автомобилски пазари.

Што се однесува до САД, се очекува во таа земја во 2017-та да бидат продадени околу 20.000 примероци на „Giuliа“ и „Stelviо“, заедно. „Alfa Romeo Stelvio“ во САД ќе пристигне во текот на летото, а ќе се продава со почетна цена од 42.990 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП