25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа одмор во луксузното одморалиште Casa Colombo Mirissa (фото)

На одмор во луксузното одморалиште Casa Colombo Mirissa (фото)

Сместено во близина на живописната и беспрекорно убава плажа, на јужниот брег на Шри Ланка, Casa Colombo Mirissa е приватно луксузно одморалиште, кое ќе ве наведе повторно да поверувате во љубовта на прв поглед…

Ќе се заљубите во ова место и неговото прекрасно опкружување веднаш по пристигнувањето, додека беспрекорниот поглед кон Индијскиот океан ќе ве маѓепса, во комбинација со услугата и луксузните погодности кои се во понудата.

Неколку километри по патот од ова прекрасно место се наоѓа и шармантниот град Мириса, мало јужно пристаниште, кое беше центар на рибарите многу долго. Кога ќе го посетите, ќе заборавите на се што ве мачи. Скромните куќи и низата кафулиња покрај плажата, кои практично се на песокот, ќе ве наведат да размислувате и да го запознаете значењето на едноставните работи со кои животот е исполнет.

Кога ќе се вратите во луксузното одморалиште, ќе бидете импресионирани од базенот, од кој ви се овозможува поглед кон океанот и прекрасните камини на плажа. Сместувањето во ова одморалиште се состои од само шест апартмани и луксузни вили, при што секоја просторија е декорирана со луксузен мебел, и нуди беспрекорен поглед на океанот.

Ова бутик одморалиште е нешто најблиску до совршеноста што овде имате прилика да ја видите, а кулинарските специјалитети се јаготка на шлагот. Уживајте во фотографиите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП