20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако секогаш да бидете ведри и насмеани на работното место

Како секогаш да бидете ведри и насмеани на работното место

Да дојдете на работа добро расположени, ведри и насмеани, а потоа и дома да си заминете со сјајно расположение, не е воопшто невозможно. Откријте кои се петте правила за однесување кои можaт да ви помогнат за кратко време да ги подобрите односите со колегите и да го подобрите работниот ентузијазам.

Не ги навредувајте колегите

Никогаш не се мешајте во работата на колегите и никогаш немојте намерно да ги повредите со коментари, шеги или навреди.

Кога еднаш ќе ги расипете меѓучовечките односи, подоцна тие многу тешко се враќаат во нормала.

Хумор

Сите зборови примете ги со доза хумор. Од намевката и ведрината на никој не може да му биде лошо. Исто така, трудете се секогаш да бидете природни, спонтани, и не секогаш официјални или формални.

Секогаш позитивно

Мислите позитивно. Општо е познато дека позитивните мисли влијаат на доброто расположение. Ако вие сте расположени, тоа позитивно ќе влијае и на вашата околина.

Сочувство

Секогаш покажете разбирање кон лицето со кое разговарате. Научете да го слушате соговорникот, и оставете и другите да го кажат своето мислење.

Прилагодливост

Важно е да покажете прилагодливост односно да биде пофлексибилни во секоја прилика.

Супер е ако знаете да се прилагодите на новата ситуација и на вистински начин да го покажете позитивното раположение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП