28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle го избра LG за својот нов Pixel

Google го избра LG за својот нов Pixel

Претстои да има продолжување на серијата „Pixel“. Планирано е оваа година „Google“ да создаде 3 смартфони: „Walleye“, „Muskie“ и „Taimen“.

Првите два се замена на „Pixel“ и „Pixel XL“, а третиот ќе биде голем фаблет. Производител на еден од уредите ќе биде „LG“.

Како што објавија претставниците на сајтот „AndroidPolice“, оваа информација се појави на „Google Issue Tracker“. Платформата им помага на развивачите во нивната заедничка работа на проекти на „Google“.

Изворот на информацијата покажал дел од преписката на програмерите. Во одговор на порака корисник препорачува да се зафати со друг проблем и го покажува патот – Android> Partner> External> LGE> Taimen> power.

„LGE“ – тоа е „LG Electronics“ и по секоја веројатност компанијата ќе биде рамо до рамо со нив во создавањето на фаблетот со кодно име „Taimen“.

Засега информации за производителот на другите два телефони нема. Не се исклучува веројатноста од откажување од наследник на „Pixel XL“. Во овој случај на пазарот ќе се појават само два нови уреди.

Вреди да потсетиме дека „Google“ ќе лансира специјално развиена онлајн платформа за учење на децата, посветена на писменоста во медиумите. Преку игри и програми за обука корпорацијата цели да се едуцираат децата како да се однесуваат во интернет.

Информациите се уште дека во „Google“ развиваат наставен план во соработка со Коалицијата за безбеден интернет. Оваа организација им помага на наставниците да ја вклучат медиумската писменоста во своите лекции.

Овој тип иницијативи „Google“ ги објаснува со желбата да им даде на децата насоки за тоа како да донесат разумни решенија на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП