Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,998.40 -0.03%    GRNT 820.00 0.49%    KMB 3,323.14 -0.67%    MKSD 239.00 19.5%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,199.00 -0.02%    OHB 5,050.00 0%    OKTA 3,700.00 2.78%    RMDEN16 94.80 0%    RZLV 53.00 -1.05%    RZUS 134.00 -0.56%    SBT 2,101.00 -1.82%    STB 940.57 0.06%    STIL 144.97 -0.02%    TEL 300.00 1.35%    TETE 2,170.00 2.79%    TPLF 1,627.92 4.65%    

Nestle разгледува повлекување од американскиот кондиторски пазар

Време: 10:51

Датум: јуни 17, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Новиот извршен директор на „Nestle“, Марк Шнајдер очигледно напредува со реструктуирањето на најголемиот производител во светот во прехранбената индустрија. Познатиот концерн по марките „Maggi“, „KitKat“, „Nescafe“ и „Nespresso“, најави повлекување на бизнисот со слатки производи во САД, а тоа вклучува и можна продажба, објави компанијата со седиште во Швајцарија.

„Nestle“ ќе ги истражуваат стратешките опции за производство на слатки, вклучувајќи ја евентуалната продажба. Таа додава дека до крајот на годината ќе биде завршен стратешкиот преглед.

На дискусија нема да бидат подложени сепак печивата од брендот „Toll House“. „Nestle“ планира да се прошири на другите производни сегменти како добиточна храна, вода, замрзната храна и храна за деца во САД.

Компанијата влезе во ќорсокак, откако корисниците во глобален аспект вложуваат повеќе на свежи намирници, додека готовите производи и готови јадења имаат застој на одделите во продавниците.

Со органски раст од 2,3 отсто во првиот квартал компанијата го забележа најслабиот старт на годината од последнава деценија. Шнајдер кој дојде во почетокот на 2017-та година на чело на компанијата, планира до 2020-та година растот да биде најмалку 5%.

За да се постигне ова, поранешниот шеф на „Fresenius“ се залага за проширување на основните бизниси и на ветувачкиот здравствен сектор. Различни производи, како такви за нега на кожата или специјална храна за возрасни и болни луѓе, ветуваат значително повисоки стапки на раст од заситениот на многу места пазар за колачи.

Во минатата година кондиторските производи, како чоколадните десерти „KitKat“ и „Crunch“ и чоколадото „Cailler“, придонесоа со околу една десеттина за приходите на групата од речиси 90 милијарди франци (83 милијарди евра). САД се најголемиот пазар за концернот, а приходите од продажба на чоколадни производи и други слатки производи таму сочинуваат само околу три проценти од вкупната продажба.

Според Меѓународната организација на производители на какао, лидер во производството на кондиторски производи по приходи е американската група „Mars“, следена од „Mondelez“ на второ место. „Nestle“ се рангираше на третото место.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Кока Кола“ прокнижи загуба од 2,76 милијарди долари

    „Кока Кола“ прокнижи загуба од 2,76 милијарди долари

    Американската компанија „Кока Кола“ соопшти дека во четвртиот квартал од минатата година остварила загуба од 2,76 милијарди долари, како резултат на зголемните даночни обврски. Во…

  • Профитот на Allianz „настрада“ поради даночната реформа во САД и слабиот долар

    Профитот на Allianz „настрада“ поради даночната реформа во САД и слабиот долар

    Германскиот осигурител „Allianz“ забележа пад на нето добивката од 22% за четвртиот квартал од 2017-та година поради даночната реформа во САД, слабиот долар, други еднократни…

  • Сорос ги продаде акциите во Apple и Facebook

    Сорос ги продаде акциите во Apple и Facebook

    Нема и ни четири недели, откако инвеститорот Џорџ Сорос силно ги критикуваше во рамките на економскиот форум во Давос технолошките компании „Facebook“ и „Google“, и…

  • Рекорден јануари за VW благодарение на продажбата во Кина

    Рекорден јануари за VW благодарение на продажбата во Кина

    Германската автомобилска компанија „Volkswagen“ вели дека забележала најдобра јануарска продажба некогаш, поголема за 10 проценти во однос на 2017 година, благодарение на закрепнувањето на побарувачката…

  • Новиот пензиски договор вреден 1,4 милијарди евра го погоди профитот на Air France-KLM

    Новиот пензиски договор вреден 1,4 милијарди евра го погоди профитот на Air France-KLM

    Авиокомпанијата „Air France-KLM“ во своите финансиски резултати од 2017-та година соопшти дека очекува зголемување на приходите од цените на билетите во првиот квартал од оваа…

  • Amazon создава 2.000 работни места во Франција

    Amazon создава 2.000 работни места во Франција

    Американскиот гигант во електронската трговија „Amazon“ објави дека ќе создаде 2.000 постојани работни позиции во оваа година во Франција – најголемиот нејзин пазар во Европа…

  • McDonald’s ја менува традицијата – го исфрла чизбургерот

    McDonald’s ја менува традицијата – го исфрла чизбургерот

    Американскиот ланец на ресторани за брза храна одлучи да воведе голема промена во своето најпопуларно мени и така да ја промени традицијата. Веќе некое време…

  • Avon не ги исполни очекувањата за приходите во последниот квартал од 2017-та

    Avon не ги исполни очекувањата за приходите во последниот квартал од 2017-та

    Производителот на козметички производи „Avon Products“ објави квартален приход од продажби што беше под очекувањата на аналитичарите. Ова се случило откако помалку клиенти купиле производи…

  • ЕУ повторно против Facebook и Twitter

    ЕУ повторно против Facebook и Twitter

    Facebook и Twitter само делумно одговорија на барањата на Брисел да ја подобрат заштитата на приватноста на корисниците, соопшти Европската комисија. „Неприфатливо е тоа прашање…

  • Генијален, практичен начин за заштита на нашите документи

    Генијален, практичен начин за заштита на нашите документи

    Што би се случило доколку ги изгубиме семејните фотографии? Би изчезнале и сеќавањата од специјалните моменти. Ако ги изгубиме личните документи, писмата, дипломите, како да…