24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПознати се цените на најмоќните Mercedes-AMG GLC

Познати се цените на најмоќните Mercedes-AMG GLC

Дилерите на „Daimler“ во Германија почнуваат да прифаќаат прелиминарни нарачки за спортските теренци „Mercedes-AMG GLC 63“ и „Mercedes-AMG GLC 63 Coupe“. На домашен пазар „надуените“ верзии стартуваат од 82.705 и 86.334 евра.

За сума од 82.705 евра клиентот ја добива модификацијата „Mercedes-AMG GLC 63 4MATIC +“, опремена со 4,0-литарски V8 со моќност 476 КС. Следува „Mercedes-AMG GLC 63 S 4MATIC +“, при што истиот мотор развива 510 КС. Таа е проценета на 90.975 евра.

Купе верзиите на двата автомобила – „Mercedes-AMG GLC 63 4MATIC + Coupe“ и „Mercedes-AMG GLC 63 S 4MATIC + Coupe“, кај кои моторите се исти, чинат 86.334 и 94.605 евра.

Во опремата на четирите теренеци влегуваат уште 9-степен менувач „AMG SPEEDSHIFT MCT“, воздушно потпирање, модернизираниот систем за погон на четири тркала, оптимизирана аеродинамика и продуктивен систем за сопирање.

Клиентите ќе можат да ги нарачаат автомобилите и во специјалната серија „Edition 1“. Кај неа тие добиваат специјално доработен екстериер, како и голем број на дополнителни опции. За нив дилерите на брендот сакаат 96.509 евра, 103.411 евра, 100.138 евра и 107.040 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП