28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДепонијата гори, жителите на Струга се гушат во чадот- туристичката сезона почна!

Депонијата гори, жителите на Струга се гушат во чадот- туристичката сезона почна!

Започна туристичката сезона во Струга, а локалните власти сеуште немаат решение за ѓубрето во градот. Депонија на само 500 метри од првите населби, секое лето ги труе граѓаните на Струга.

Стружани  протестираа против дивата депонија, која што гори од средата попладне. Тие  побараа од  локалната и централната власт веднаш да преземат мерки за да се спречи натамошно опожарување на депонијата

Со ангажирана механизација од синоќа во Струга се преземаат активности за гаснење на пожарот во депонијата. Како што велат од локалната самоуправа, завршена е првата фаза, која опфаќаше тампонирање на патот до депонијата за да може да стигне механизацијата. Втората фаза, гаснење на депонијата, треба да се одвива во текот на денот. Активностите се во координација на централната и локалната власт.

Струшката депонија речиси постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба што се шири низ градот, граѓаните на Струга деновиве организираа протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП