23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новиот Volkswagen Polo (фото+видео)

Пристигна новиот Volkswagen Polo (фото+видео)

Компанијата „Volkswagen“ официјално ја претстави 6-тата генерација на хечбекот „Polo“. Тој е најголемиот во историјата на моделот, така што е променета платформата и се е обврзана со нова електроника, вклучувајќи целосно дигитален Инструмент панел, адаптивен круз-контрол и „LED“ оптика.

Хечбекот е изграден на модуларната платформа „MQB A0“, која дебитираше кај новата генерација „Seat Ibiza“. Како и шпанскиот модел, така и „Polo“ веќе ќе се нуди само со 5 врати, бидејќи верзијата со 3 врати не се бара.

Димензиите на машината се должина од 4053 мм, ширина од 1751 мм, висина од 1446 мм и растојание помеѓу двете оски 2564 мм. На овој начин возилото е со 81 мм подолго и со 69 мм пошироко од својот претходник. Висината останала иста, но растојанието помеѓу двете оски е зголемено со 94 мм. Волуменот на багажникот е зголемен од 280 на 351 литри.

Моделот ќе се нуди со 4 бензински и 1 дизел мотор. Бензинските се 3-цилиндричен со 65 и 75 КС и два со турбо (95 и 115 КС), а сите тие се со зафатнина од 1,0 литар. Следат 1,5-литарски TSI со 4 цилиндри и 150 КС, и 2,0-литарски, наменет за верзијата GTI. Неговата моќ ќе биде 200 КС.

Дизелот е 1,6-литарски, нудејќи 80 и 95 КС. Во зависност од моторот се достапни 5 и 6-брзински мануелен менувач, како и 7-степен автоматски менувач со двојно квачило.

За новото „Polo“ се предвидуваат 6 нивна опрема – познатите „Trendline“, „Comfortline“ и „Highline“, спортската „R-Linе“ и „GTI“, како и целосно новата „Beats“, која е опремена со аудио со 300 вати, одобрено од самиот „Dr Dre“. Клиентот ќе може да избира меѓу 14 бои на каросеријата, 12 видови бандажи, 13 варијанти на распоредот на Инструмент панелот и 11 на седиштата.

Во опремата освен електронскиот Инструмент панел влегуваат уште мултимедијален комплекс со екран од 6,5 до 8 инчи, панорамски стаклен покрив, безкабелниот полнач за паметни телефони, клима уред со сензор за влажност и антиалергенски филтер, спортска суспензија со прилагодливи амортизери, адаптивен круз- контрол, систем за автоматско паркирање, систем за следење на мртвите зони и друго.

Цените на новиот „Volkswagen Polo“ во Германија стартуваат од 12.975 евра. Нарачки ќе бидат прифатени од есента, а првите автомобили ќе бидат доставени на клиентите во јануари 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП