23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел – Iconic Santorini (фото)

Луксузниот хотел – Iconic Santorini (фото)

Санторини е позната грчка дестинација, креирана во античко време, со огромна вулканска ерупција…

Ние денес уживаме во погледите на овие вулкански карпи и ѕидови, меѓу кои се сместени многу идилични градби. Една од нив е луксузниот хотел наречен „Iconic Santorini“.

Со своите модерни погодности, удобен мебел и неверојатна архитектура, овој луксузен хотел ќе ги воодушеви дури и најпребирливите посетители. Во понудата има 22 соби, а секоја соба е уникатна на свој начин. Една заедничка особина на сите соби им е приватната тераса, опремена со удобен мебел, од која гостите можат да уживаат во погледот на островите и на Егејското море, кои едноставно ќе им го одземат здивот. Со традиционална грчка архитектура, овој остров е многу гостопримлив и пријателски настроен, а проткаен е со хеленска атмосфера на чиста смиреност.

Гостите на овој сјаен и престижен хотел кој се наоѓа во населбата Имеровигли, можат да уживаат и да ги поминуваат своите денови во инфинити базенот или во романтичниот ресторан. Покрај тоа, овој остров самиот по себе е исполнет со прекрасни и магични места кои можат да се откријат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП