25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајлошите работни часови за вашето здравје

Најлошите работни часови за вашето здравје

Доколку работите трета смена односно ноќна смена, имаме лоши вести за вас.

Луѓето кои работат ноќна смена имаат за два пати поголеми шанси да заболат од дијабетес.

Според истражувањето на Универзитетот во Питсбург ризикот за заболување останува и кога тие лица ќе се пензионираат и ќе се вратат кон нормалниот распоред на спиење.

Претходно објавените истражувања покажале дека „играњето“ со биолошкиот часовник и ограничувањето на сонот може да доведе до тоа вашиот метаболизам да се умори, а како последица се јавува зголемување на концентрацијата на глукоза во крвта, која пак го зголемува ризикот од дијабетес и други болести, вели авторот на студијата Тимоти Монк.

Иако пронаоѓањето на работно место со нормално работно време е идеално решение, тоа не е за сите можна опција. Сепак, ризикот може да се намали доколку имате правилна исхрана, вежбате на дневна база и спиете од 7 до 9 часа дневно.

Тука постои уште еден предизвик, лицата кои работат трета смена обично немаат извор на свежа и здрава храна. Вашето решение е да понесете од дома здрави намирници кои ќе ви помогнат да се изборите со можните ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП