19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle продаде 1 милион Pixel смартфони?

Google продаде 1 милион Pixel смартфони?

„Google“ најверојатно има продадено повеќе од еден милион „Pixel“ единици, ако може да им се верува на податоците од „Play Store“.

Нa „Play Store“ неодамна е забележано повеќе од милион инсталации на „Pixel Launcher“, кој е ексклузивно достапен за смартфонот на „Google“. Тоа во теорија значи дека во светот би можело да има барем милион „Pixel“ паметни телефони.

Нормално, овој податок треба да се земе со мала доза на резерва, со оглед дека одреден број на телефони ќе се вратат или послужиле само за тестирање.

Сепак, податоците секако укажуваат на тоа дека „Google“, aко ништо друго, тогаш е барем многу блиску до милионитиот продаден примерок. Доколку го нема надминато споменатиот број во моментот кога „The Verge“ ја објави веста, можно е тоа да се случи во меѓувреме.

Се уште се чека официјална изјава од страна на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП