29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТодоров повторно седнува на клупата на МЗТ Скопје

Тодоров повторно седнува на клупата на МЗТ Скопје

Поранешниот селектор на македонската младинска репрезентација, Александар Тодоров (43), е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска и официјално потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.

Името на Тодоров, за кого ова ќе биде четврто седнување на клупата на „металците“, е веќе со златни букви впишано во сино-белата историја како прв тренер кој успеал да ја донесе шампионската титула во „Јане Сандански“ во сезоната 2011/2012 и како стратег кој ја почнал јадранската пловидба на МЗТ Скопје Аеродром.

Дебито, пак, на клупата на аеродромци го имаше во веќе далечната 2000 година, а екипата ја предводеше и во 2007 година.

Тодоров доаѓа на местото на хрватскиот стручњак Анте Назор, кому му истече договорната обврска со нашиот клуб и кому управата на клубот му се заблагодарува на вложениот труд и му посакува сѐ најдобро во кариерата.

Пред македонскиот стратег е сериозна задача за обнова на тимот со оглед што во моментов договорни обврски имаат само капитенот Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Американецот Ксавиер Темс.

Новиот тренер ќе може да смета и на талентите од младинската школа вклучувајќи ги и веќе промовираните првотимци Леонид Тодоровски, Андреј Настевски, Андреј Миса, Петар Прентовиќ и Мартин Милевски.

Негова примарна задача уште од првиот ден ќе биде пополнувањето на празнините во составот за создавање конкурентен тим кој ќе ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и ќе има забележителен настап во АБА-лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП