24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОтстранете ги овие нешта од вашето CV

Отстранете ги овие нешта од вашето CV

Според некои податоци, работодавците трошат само шест секунди на прегледување на едно CV. Затоа вашето CV мора да биде добро напишано, со цел уште на самиот старт да се издвои од другите. Мора да биде концизно, а од помош ќе ви бидат и овие совети што да отстраните од него.

Доколку рабoтодавецот стриктно не ја бара вашата просечна оценка од студирањето, нема потреба да го наведувате овој податок.

Водете сметка за стилот на пишување. Ако напишете нешто како „запознаен со работата на…“ ова повеќе звучи како приправник, отколку како некој кој во потполност ја совладал одредената вештина.

Доколку не е нагласено вашата биографија дека мора да содржи фотографија од кандидатот, најдобро е да ја изоставите, некои работодавци сметаат дека фотографијата не е потребна и немаат намера да одлучат врз основа на изгледот, па доколку ја ставите и фотографијата ќе ве сметаат за непочитувач на правилата и со тоа може да изгледате непрофесионално.

Доколку во текот на вашиот живот сте се занимавале со повеќе работни позиции, на кои кратко сте се задржале, најдобро е да не ги наведувате во вашето CV.

Отстранете ги вештините кои се генерало вообичаени и напишете ги ваштините кои ги поседуватe а се специфични.

Не се однесувајте премногу слободно со личните податоци. Се препорачува да ги изоставите религиските, политичките и социјалните прашања и ставови.

Општите правила гласат дека едно CV не треба да е подолго од една испечатена страна. Максимално, CV-то може да биде напишано на две страни, што е оправдано доколку конкурирате за повеќе позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП