19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar го претвори XF во луксузен караван (фото+видео)

Jaguar го претвори XF во луксузен караван (фото+видео)

Британскиот производител „Jaguar“ официјално ја претстави новата модификација на втората генерација на моделот „XF“. Официјалната премиера на караванот беше најавена од страна на креаторите за „најдобар автомобил во оваа класа“, се одржа во фабриката на компанијата во замокот Бромвич, Англија.

Во основата на „Jaguar XF Sportbrake“ е лесна алуминиумска шасија, благодарение на која караванот тежи 1.660 килограми. Тоа е 160 кг. помалку од претходната генерација на моделот. Според тимот, новата платформа овозможува идеална распределба меѓу двете оски – 50:50.

Должината на караванот е за 9 мм пократка од својот претходник, но во исто време растојанието помеѓу двете оски е зајакната со 51 мм. Коефициентот на влечење е 0,29 – колку и кај седанот „XF“.

Багажниот простор на „Jaguar XF Sportbrake“ е со обем 565 литри, што е за 25 литри повеќе од седанот. При навалување на задните седишта просторот се зголемува до 1.700 литри – со цели 815 литри повеќе од седанот „XF“. Освен тоа на покривот може да се превезува багаж со тежина до 100 кг.

Палетата на мотори се состои претежно од дизел 2.0-литарски од семејството „Ingenium“ развиени во соработка со „Land Rover“. Тие развиваат 163, 183 или 240 КС. Топ-верзијата со 3,0-литарски дизел V6, располага со 300 КС. Бензинската варијанта засега е само еден со 2,0-литарски турбодвигател кој развива 250 КС.

Основниот мотор се комбинира со 6-брзински мануелен менувач или со автоматски со 8 брзини. Останатите се достапни само со автоматската трансмисија. Дизел варијанта со 180 КС може да се нарача со погон на сите четири тркала, што е задолжително за верзијата со 240 КС.

Во основната опрема на „Jaguar XF Sportbrake“ влегуваат индикациска оптика напред и позади, електрично отворање на багажникот и воздушно потпирање. Како опции се нудат адаптивен круз-контрол, функција за следење на „слепите“ зони, систем за следење на состојбата на возачот, дигитален Инструмент панел и мултимедијален систем со 10-инчен екран на допир.

Засега нарачки за „Jaguar XF Sportbrake“ се прифаќаат само во Велика Британија. Цените стартуваат од 34.910 британски фунти (39.600 евра). Главните конкуренти на овој модел ќе бидат „BMW Series 5 Touring“ и „Mercedes-Benz E-Class Estate“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП