16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo објави нови игри за конзолата Switch

Nintendo објави нови игри за конзолата Switch

Јапонскиот производител на игри и конзоли „Nintendo“ најави дека пушта неколку нови игри за својата нова хибридна конзола „Switch“, насочувајќи ги обидите да профитираат од големата заинтересирансот околу последниот нејзин хардверски систем.

Во моментов се подготвува игра со „Pokemon“, објави „Nintendo“ при стартот на годишното „Electronic Entertainment Expo“ во Лос Анџелес.

Компанијата и „Ubisoft Entertainment“ ќе претстават нова игра со „Super Mario“, која ќе биде само за „Switch“. Самото претставување е предвидено за 29-ти август. Меѓу другите имиња се редат популарни наслови како „Metroid 4“ и „Rocket League“, кои ќе добијат свои верзии за „Switch“. Многу од новите производи ќе можат да се играат од повеќе од еден играч истовремено.

„Тоа ја менува играта“, коментира Реџи Филс-Ајм, претседател на „Nintendo“ за Северна Америка. „Патуваат низ светот, ќе играат секаде со секој“.

„Nintendo“, која е пионер во индустријата за видео игри, во последните години се бори откако новите уреди разочараа, а побарувачката се насочи кон игри, кои не одговараат на нејзиниот семеен имиџ. Превртувањето на трендот започна со „Pokemon Go“ – мобилна игра која стана светска сензација минатата година. Во март пак „Ninendo“ го пушти на пазарот и најновиот уред – „Switch“.

Уникатниот дизајн на „Switch“, кој ги обединува во една конзола за дома и мобилен уред, стана брзо хит меѓу играчите и стана најбрзо продавана конзола на „Nintendo“ во Северна Америка. Позитивните ефекти од дебито на уредот на 3-ти март ја испратија цената на акциите на „Nintendo“ со над 40% нагоре. Тие се искачија до највисоките нивоа од јануари 2009-та година.

„Nintendo“ изјави дека очекува да продаде 12,74 милиони примероци од „Switch“ до крајот на март – речиси истата бројка која нејзината претходна конзола „Wii U“ ја продаде за целиот период откако е на пазарот. Силната побарувачка ги направи инвеститорите посигурни во споредбата на „Switch“ со „Wii“. Од 2006-та година „Wii“ продаде 101 милиони примероци, претворајќи се во најуспешната домашна конзола.

Постигнувањето на целта за продажба ќе зависи од квалитетот на игрите кои „Nintendo“ ќе ги пушти во остатокот на годината и за време на божиќната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП