28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја претстави новата Series 6 GT (фото+видео)

BMW ја претстави новата Series 6 GT (фото+видео)

Германскиот производител „BMW“ официјално го претстави својот нов хечбек „Series 6 GT“ кој е оппределен како „практичен автомобил, ориентиран кон клиентите, кои и даваат поголема важност на индивидуалноста“.

Новиот хечбек го зазема местото на досегашното „BMW Series 5“ во палетата на баварците, а продажбата ќе стартува наесен. Машината е елегентна и попривлечна од својот претходник, така што е подолга и пониска. Должината на „Series 6 GT“ достигнува 5091 мм (со 87 мм повеќе од „Series 5 GT“), широчината е 1902 мм, а висината е 1538 мм (со 21 мм помалку од „Series 5 GT“).

Од дизајнот на „BMW Series 6 Gran Turismo“ треба да се напомене најголемата решетка на ладилникот, како и новата индикациска оптика. Освен тоа хечбекот добил некои уникатни аеродинамични елементи, дополнителен заден дифузор и нови тркала.

Внатрешноста на автомобилот речиси целосно се повторува од моделите од „Series 5“ на баварците. Благодарение на новата конструкција на каросеријата, обемот на багажникот е зголемен до 610 литри, а ако се извадат задните седишта, тој достигнува 1800 литри.

Во опремата на новото „BMW Series 6 GT“ стапува систем „iDrive“ со 10,25-инчен дисплеј со функција за управување со гласовни команди и гестови. За моделот се достапни опции како проекциски дисплеј, прилагодливи задни седишта и друго.

На пазарот хечбекот излегува во три модификации – „630i Gran Turismo“ (258 КС и 400 Nm), „640i Gran Turismo“ (340 КС и 450 Nm) и „630d Gran Turismo“ (265 КС и 620 Nm). За сите верзии е предвиден систем за погон на четири тркала „xDrive“ и 8-степен автоматски менувач. Кај најмоќната варијанта забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,3 секунди.

Автомобилот располага со најсовремени системи за безбедност и асистенти на возачот, а меѓу нив е и системот за автономно паркирање што го видовме кај новите генерации на „Series 5“ и „Series 7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП