20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„Kata Rocks Hotel“- Шик и елегантен хотел на Тајланд (фото)

„Kata Rocks Hotel“- Шик и елегантен хотел на Тајланд (фото)

Шик и елегантниот „Kata Rocks Hotel“ ви нуди совршен поглед на Андаманското море на Tајланд, но и уште многу нешта…

Сместен е на прекрасна панорамска локација на островот Пукет, а своите гости ги дочекува со супериорен спа центар, дизајнерски соби и спа третмани со приватни базени.

Гостите можат да се одлучат за една од 34-те еднособни, двособни, трособни или четворособни вили, кои се распослани по падините на ридот. Сите вили се исклучително убави и имаат целосно опремени кујни, дневна соба и трпезарија. Со лизгачки врати од подот до таванот, овие вили се отвораат кон приватните инфинити базени, а совршени се за незаборавен одмор на Тајланд.

Прекрасен е и ресторанот со поглед на океанот, огромниот базен со бар, како и спа центарот со енергетски капсули, кревети за третмани со светлина и сите други префинети услуги кои ве чекаат вас.

Гостите на овој луксузен хотел ќе имаат прилика да се шетаат по „Kata“ плажата или карпестото копно, да уживаат во локалните специјалитети, коктели и забави….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП