28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриските министри во сериозна неволја: Анонимуси ги објавија броевите од нивните кредитни...

Австриските министри во сериозна неволја: Анонимуси ги објавија броевите од нивните кредитни картички

anoni1

Членовите на хакерската организација „Анонимус Австрија“, на интернет ги објавија броевите од кредитните картички на австриските министри.

Броевите од кредитните картички, кои се наоѓаат на интернет, наводно им припаѓаат на министрите за финансии, одбрана, надворешни работи и министрите на екологија, Марија Фактер, Норберт Дарабос, Мајкл Шпинделгер и Николаус Берлакович.

„Здраво Австрија, во последните месеци ништо не слушнавте за нас, но ние сепак бевме многу вредни. На пример. Ние воспоставивме убава база на податоци. Доколку, при купвањето на интернет ви е потребна кредитна картичка, еве ви ги податоците од картичките на вашите министри“, наведоа „Анонимуси“, во пораката која ја поставија над документот со податоците од картичките.

Членовите на хакерската група, исто така, му се потсмеваат на министерот Дарабос за изборот на лозинаката за меил и ги советуваа министрите чии броеви од картички се објавени да ги блокираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП