19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПравилниот и искрен однос со колегите е исклучително важен

Правилниот и искрен однос со колегите е исклучително важен

Работата носи многу различни непријатни и пријатни ситуации. Во неа внесуваме емоции без оглед дали го сакаме тоа или не.

Понекогаш од чудни причини реагираме на начин кој и нас самите не изненадува и притоа можеме да ги повредиме колегите со кои ја „делиме истата судбина“. Кажете уште денес искрено што ви е на ум, бидејќи утре може да биде доцна, а можно е и да се појави грижа на совест. Искрениот и правилен однос со колегите е исклучително важен.

– Ова одлично си го сработил/а – Луѓето сакаат пофалби, а кога зад нив има темел, тие се уште послатки. Ако некој од вашите соработници заблеска, кажете му го тоа.

– Нема да те изневерам – Во тимската работа немојте да се истакнувате себеси. Тука не постои „јас“. Ако веќе сте му го направиле тоа на некого, извинете се и потрудете се да не ја повторите грешката.

– Можам ли да ти помогнам? – Понекогаш заглавувате со нешто и никако не успевате да го решите проблемот. Сетете се колку тогаш ви била добредојдена помошта од колегите. Ако видите некој колега кој се мачи, понудете му ја својата помош. Луѓето знаат да го ценат тоа.

– Извини – Збор кој е тешко да се изговори. Добро, покрај него е потребно и објаснување на што точно сте мислеле. Извинувањето нема да ви ја „симне круната од глава“, а ќе испрати многу важна порака. Само најсилните имаат храброст да признаат кога се виновни.

– Можеш ли да ми помогнеш? Нема нешто во кое сте препуштени самите на себе. Две глави се секогаш попаметни од една. Во канцеларијата сигурно има луѓе со свежи идеи и енергија која сакаат да ја поделат. Освен тоа, ако побарате помош, ќе им дадете до знаење колку ја цените нивната работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП