23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony продала 60,4 милиони конзоли PlayStation 4

Sony продала 60,4 милиони конзоли PlayStation 4

Јапонската технолошка компанија Sony изјави дека продала 60,4 милиони конзоли Playstation 4 откако го пушти уредот на пазарот пред три години, пишува „CNBC“.

Бројката е со 7 милиони повеќе во однос на 53,4 милиони конзоли кои на 5-ти јануари компанијата ги забележа како продадени. Тоа беше последен пат во кој „Sony“ јавно откри податоци за продажбата.

Освен тоа „Sony“ изјави дека софтверската продажба, предводена од клучни игри како „Horizon: Zero Dawn“, достигна 487,8 милиони копии.

Иако хардверската продажба секогаш е клучна, периодичните приходи од постпејд моделите стануваат се повеќе важни за „Sony“, со кои може да се искористи од големиот број инсталации на нивните игри. Компанијата соопшти дека има повеќе од 70 милиони активни корисници месечно во глобален план кон крајот на март, додека „Playstation Plus“ достигна 26,4 милиони платени претплатници.

„PlayStation Plus“ е годишна претплата на услуги која чини 59,99 долари. Таа им овозможува на корисниците да играат онлајн со други луѓе, како и да имаат пристап до библиотека на бесплатни игри.

Освен тоа минатата година „Sony3 се насочи кон виртуелната реалност, откако ги пушти очилата „PlayStation VR“, како и неколку игри. Досега компанијата не откри колкава е продажбата на уредот, но минатата недела објави дека продадените примероци е над 1 милион.

Јапонскиот гигант најави дека ќе продолжи со напорите во насока виртуелната реалност и други области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП