29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБрзо слабеење: Грицкајте ги овие 5 намирници

Брзо слабеење: Грицкајте ги овие 5 намирници

Никогаш полесно, никогаш повкусно, а килограмите се топат!

Грицкањето меѓу оброците не мора да го саботира вашиот обид да се ослободите од вишокот килограми. Се зависи од тоа која храна ја јадете. Затоа ви претставуваме комбинации од намирници кои можете да ги јадете меѓу оброците, а повторно да бидете на вистинскиот пат кон витко тело. Инаку, секој од предлозите содржи меѓу 150 и 200 калории.

Грчки јогурт со малини. Комбинацијата на грчки јогурт и малини ќе ве засити и ќе влијае добро на вашето здравје. Јогуртот содржи протеини кои се добри за изградба на мускулите, а малините се богати со исклучително корисниот витамин Ц и има состојки кои го забрзуваат разградувањето на мастите.

Ореви и грозје. И двете намирници се многу вкусни, па ќе ја задоволат вашата желба за храна и на организмот ќе му обезбедат хранливи материи. Грозјето содржи шеќер кој дава енергија и влакна кои помагаат во детоксикацијата. Со оревите ќе внесете протеини и здрави незаситени масти.

Кекс од житарки од цело зрно и сирење. Поради лековитите состојки, можете да изедете неколку крекери или кекси од цело зрно житарки. За уште подобар вкус, пробајте ја комбинацијата од ваков кекс и немасно сирење.

Овесна каша со боровинки. Оваа вкусна комбинација не е резервирана само за утринските часови, Високото количество на влакна ја прави оваа каша одлична ужинка за сите кои се обидуваат да ослабат, додека боровинките ја прават кашата повкусна и ви овозможуваат одлична доза од витамин Ц.

Банана и путер од кикирики. И двете намирници содржат состојки кои даваат енергија и можат брзо да ве заситат и да го задоволат вашиот зголемен апетит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП