16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо 2014-та ќе има повеќе мобилни претплатници од жители

Во 2014-та ќе има повеќе мобилни претплатници од жители

populacijaa

До почетокот на 2014-та година во светот се очекува да има повеќе мобилни претплатници отколку луѓе.

Меѓународниот сојуз на телекомуникациските компании очекува бројот на претплатници да ја надмине бројката  од 7 милијарди во почетокот на следната година. Во моментов во светот има 6.8 милијарди мобилни претплатници, додека бројката на население изнесува 7.1 милијарди луѓе.

Организацијата на независни држави, како и на земјите од поранешниот СССР имаат највисоко ниво на регистрации или со 1.7 по глава на жител, додека во Африка бројката изнесува по 63 претплатници на секои 100 луѓе.

Извештајот на организацијата на ОН истакнува дека во 2013-та година повеќе од една третина од населението на Земјата или 2.7 милијарди луѓе имаат пристап до интернет.

Највисок показател е забележан во Европа (75 проценти од населението), зад нив се Северна и Јужна Америка (61 проценти), Азија (32 проценти) и Африка (16 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП