20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen C3 Aircross излезе на сцената (фото+видео)

Citroen C3 Aircross излезе на сцената (фото+видео)

Француската марка „Citroen“ официјално го претстави својот нов компактен кросовер „C3 Aircross“. Тој го заменува мини „C3 Picasso“ и ќе мора да се натпреварува со модели како „Nissan Juke“ и „Renault Captur“.

Продажбата на кросоверот од сегмент „B“ стартуваат во есен, а на пазарот ќе се појави со три бензински мотори од семејството „PureTech“ со зафатнина од 1,2 литри, во развој од 82, 110 и 130 КС, како и со два 1,6- литарски дизел мотори, чија моќност е 100 и 120 КС. Сите агрегати работат со 6-брзински мануелен менувач, само за бензинскиот со 110 КС како опција се нуди автоматски со 6 брзини.

Компактниот модел ќе биде достапен само со преден погон, но како кај сите нови кросовери на Алијансата „PSA“, ќе располага и со систем „Grip Control“ со неколку режими на работа – стандард, песок, снег и „off-road“. Во опремата влегува и функција за поддршка на спуштање по надолнина.

Од компанијата-производител соопштуваат дека во стандардната варијанта волуменот на багажникот на автомобилот ќе биде 410 литри. При навалувањето на задните седишта тој се зголемува до 1289 литри. Димензиите на „Citroen C3 Aircross“ се должина од 4100 мм, ширина од 1760 мм и висина од 1640 мм.

Кросоверот е опремен со најсовремени системи за безбедност, со кои располага француската марка. Меѓу нив се систем за следење на „слепите“ зони, системот за следење на состојбата на возачот, систем за автономно принудно запирање и друго.

Како опција моделот ќе може да се нарача со проекциски дисплеј, а информациско-рекреативниот комплекс ги поддржува сите достапни системи – „Android Auto“/„Apple CarPlay“. За возилото се нуди и функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП