29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГи озборувате ли вашите колеги?

Ги озборувате ли вашите колеги?

Озборувањето на луѓето со кои работите секако не е нешто што би требало да го практикувате, ниту пак е убаво. Но, ако имате неодолива потреба за тоа, бидете внимателни!

Сите ваши примедби за работата и однесувањето на колегата, лесно го наоѓаат патот до вашиот шеф. Освет тоа, тие „комплименти“ на сметка на некој колега, освен што можат да ви ја зададат титулата „злоба“, можат и да пречат во извршувањето на работните задачи.

Новото истражување, објавено во Магазинот за социјална психологија, носи нова перспектива за озборувањата. Имено, резултатите покажале дека трачевите можат да ги мотивираат вработените да ги следат групните работни норми, поточно, што повеќе да се трудат на работа. Озборувањето може да биде предупредување за оние мрзеливите колеги за конечно да започнат нешто да работат.

Сепак, тоа не значи дека вие секојдневно треба да и се препуштите на трач-забавата со омилените колеги од работа и да уживате во озборувањето на другите, ниту во потполност да ги одбегнете интерните озборувања, бидејќи на тој начин всушност ќе сфатите какво однесување во вашата компанија не е прифатливо. А тоа на некој начин би можело да ви помогне да бидете уште подобри во вашата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП