18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 намирници од кои сте уште погладни

6 намирници од кои сте уште погладни

Дали знаете дека некои намирници ве прават уште погладни? Не во моментот, но набрзо по консумирањето. Гладот е резултат на сложената интеракција помеѓу стомакот, цревата, мозокот, панкреасот и крвотокот. Овие намирници можат да ви создадат чувство дека сте гладни иако вашиот стомак е полн.

1. Бел леб

Белото брашно кое се користи за да се направи белиот леб е направено од зрна на кои им е отстранета лушпата, а тоа ја намалува способноста на оваа житарица да ве засити. Кога јадете бел леб, ви се зголемува нивото на инсулин, а со тоа за брзо време вие повторно сте гладни.

2. Сокови

„Здравите“ сокови кои ги купувате содржат големо количество на шеќер, а немаат воопшто растителни влакна. Кога ги пиете овие сокови, нивото на шеќер во крвта може да ви се зголеми и нагло да опадне, па затоа гладот брзо се враќа. Најдобро е сами да направите густ сок користејќи го целото овошје нелупено.

3. Солени грицки

Чипсот, переците и останатите солени грицки се брзи јаглехидрати кои го зголемуваат нивото на инсулин, а потоа брзо го намалуваат. Поради количината на сол која ќе ја изедете, ќе имате впечаток дека стомакот ви е полн, а вие всушност сте многу гладни.

4. Брза храна

Речиси секоја состојќа во јадењата од продавниците за брза храна е ставена за да ве натера да јадете што повеќе. На пример, презаситените масти предизвикуваат воспалителен процес во стомакот, поради кој се намалува способноста на телото да произведува невротрансмитери кои го контролираат апетитот, како што се допаминот и серотонинот.

5. Алкохол

Кога пиете алкохол, на момент ви се чини дека сте сити, а всушност следниот момент сте многу гладни. Само три чаши алкохол го намалуваат нивото на лептин (хормонот кој го контролира чувството за глад) за 30 проценти.

6. Бели тестенини

Белите тестенини делуваат исто како и белиот леб. Но и поопасно од него, бидејќи лесно можете да се прејадете од нив. Би требало да јадете порција со големина на една шоља бидејќи тие во стомакот нараснуваат и предизвикуваат проблеми, но дури и порциите во рестораните се поголеми од препорачаната доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП