29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку навистина вреди Ел Шарави?

Колку навистина вреди Ел Шарави?

striker-Stephan-El-Shaarawy

Милан минатата зима ги одби 30-те милиони евра од Наполи кои беа понудени за Ел Шарави, но приказната сега станува уште поинтересна затоа што се „шушка“ дека Сити ќе испрати уште подобра понуда.

Ел Шарави во вториот дел од сезоната не одигра на ниво како во првиот дел, но тоа донекаде е и нормално со оглед дека тој е премногу млад и можни се осцилации во неговата игра.

Со доаѓањето на Балотели го загуби местото во тимот, а во вториот дел од сезоната експлодираше и искусниот Пацини. Милан исто така го има и Нијанг, па сега местото на Ел Шарави меѓу стартерите не му е загарантирано.

Се шпекулира дека Роберто Манчини ќе испрати понуда од 35 милиони евра и дека оваа сума би ги натерала луѓето од Милан сериозно да ја разгледаат.

Многумина оваа ситуација ја споредуваат со онаа на Пато кога беа одбиени скоро 50 милиони евра од ПСЖ, поточно тогаш Берлускони го стопираше трансферот, а во летниот преоден рок го продадоа за 15 милиони евра.

Нормално дека помеѓу вакви работи неможе да се повлече паралела, но италијанските медиуми пишуваат дека Галијани се колеба поради други причини. За споменатите пари би можел да го освежи тимот, евентуално да земе некој играч од Сити во пакет, како што е Коларов кого најголемите италијански клубови го посакуваат уште од времето кога играше за Лацио.

Сепак тешко е да се верува дека во Милан би можеле да се откажат од фудбалерот за кого пред неколку месеци тврдеа дека е вистински феномен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП