19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRosneft инвестира 2,5 милијарди долари во Чеченија

Rosneft инвестира 2,5 милијарди долари во Чеченија

The Kremlin is reflected in the polished

Руската државна нафтена компанија „Rosneft“ ќе изгради компанија за комплетна преработка на нафта во Чеченија вредна 78,3 милијарди рубљи (околу 2,5 милијарди долари).

Предвидено е капацитетот на комплексот да биде милион тони нафта годишно, пренесуваат руските медиуми.

Комплексот ќе се гради во две етапи. Првата етапа би требало да биде пуштена во функција во четвртиот квартал од 2015 година, а втората во третиот квартал од 2018 година. Според плановите, рафинеријата ќе произведува бензин „евро 5“ во количина од 478,000 тони годишно и 400,000 тони дизел гориво.

Според руските медиуми, проектот предвидува инвестиции од 344 долари во преработката на секој барел.

Учесниците на пазарот во медиумите изјавија дека проценката за изградбата на рафинеријата е преценета. Обемот на инвестиции на „Rosneft“ во комплексот за преработка на нафта го надминува годишниот буџет на Чеченија. Нејзините приходи во текот на изминатата година беа 74 милијарди рубљи, а расходите 73 милијарди рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП