18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСедум нешта кои не треба да ги пишувате во деловниот мејл

Седум нешта кои не треба да ги пишувате во деловниот мејл

Деловната кореспонденција преку мејл има свои правила и доколку не ги почитувате, другата страна би можела да ве доживее непрофесионално.

„Time“ претставува неколку работи кои треба да ги избегнувате во професионалните мејлови со цел комуникацијата со колегите и соработниците да остане на ниво.

1. Го мразам ова работно место

Иако можеби сте разочарани поради разни околности на работа, никогаш не го споменувајте тоа во службените мејлови. Никогаш не ги истакнувајте негативните работи на работното место или работодавецот.

2. Барам нова работа

Кога работите ќе тргнат на лошо, човекот прво помислува да ја промени работата. Тоа е разбирливо, но не треба да се истакнува во деловните мејлови, бидејќи можат да ве доживеат како проблематична личност која не го дава најдоброто од себе.

3. Сексуални алузии

Сексуалните алузии во мејловите не се работа која може да ви помогне во кариерата. Ако се прашувате зошто, одговорот е многу јасен: работата е место за работење.

4. Тоа не е мој проблем

Во компанија во која сите проблеми се решаваат тимски, речениците „тоа не е моја работа“ или „тоа не е мој проблем“ би можеле да ви ја уназадат кариерата. Од вас се очекува заедничко решавање на проблемите, а не игра на своја рака.

5. Не ми е гајле

Многу е важно во деловната кореспонденција да покажете грижа и одлучност. Ако напишете дека не ви е гајле, испраќате негативна енергија која на крајот не носи ништо добро.

6. Меѓу нас….

Работите во компанија, па затоа кога деловно се допишувате не постојат „ти и јас“. Ако треба нешто да кажете во четири очи, сретнете се во живо, бидејќи ако преку мејл започнете со реченицата „помеѓу нас“, идејата за тимска работа е километри подалеку.

7. Утре нема да дојдам на работа

Освен ако сте се разболеле и знаете дека утре нема да можете да одите на работа, во друг случај не е потребно да истрчувате со мејлови за тоа. Најавата за недоаѓање на работа за наредниот ден без никаква причина звучи непрофесионално, а подоцна може да ви создаде и проблеми во кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП