25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru откри специјалнa верзија - WRX STI

Subaru откри специјалнa верзија – WRX STI

Јапонската компанија „Subaru“ официјално ја обелодени специјалната верзија на седанот „WRX STI“, која го добила името „Type RA“. Автомобилот има голем број на технички подобрувања и модернизиран мотор.

Најекстремната верзија на „WRX STI“ ќе се појави на пазарот во 2018-та година, а од неа ќе бидат произведени само 500 примероци. Името „Type RA“ (Record Attempt) е избрано во чест на натпреварувачката машина на „Subaru“ – „WRX STI Type RA NBR Special“ која во текот на летото ќе се обиде да постави рекорд на „Нирбургринг“.

Согласно доставените од производителот податоци, 2,5-литарскиот мотор на седанот генерира 314 КС (кај стандардната „WRX STI“ тие се 300). Вртежниот момент на агрегатот не е објавен, но се претпоставува дека тој е околу 400 Nm. Моторот работи во комбинација со модернизиран 6-брзински мануелен менувач со преработен пренос.

Специјалната модификација на седанот добила суспензија со пружини „Bilstein“ и систем за динамична контрола „Vehicle Dynamics Control“, чија цел е зголемување на стабилноста на возилото. Во опремата влегуваат 19-инчни фелни „BBS“, како и специјални гуми „Yokohama Advan Sports“ со димензии 245/35 R19. Сопирачките механизми се „Brembo“.

Освен тоа модернизираното возило е со подобрена аеродинамика, карбонски покрив и масивно антикрило од истиот материјал. Со цел намалување на тежината седанот се „прости“ со резервната гума. Во кабината има седишта „Recaro“ и плакета со индивидуалниот број на секоја од 500-те автомобили од серијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП