25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony: Првиот профит по пет години

Sony: Првиот профит по пет години

sony2

Јапонскиот гигнат од областа на електрониката „Sony“ во изминатата фискална година за прв пат по пет години оствари профит, нудејќи зрак надеж за некогаш успешната компанија.

„Sony“ во фискалната година која заврши на 31 март 2013 година, заработи 43,03 милијарди јени (436 милиони долари), по огромните загуби од 456,66 милијарди јени од претходната година, ова се должи и на ослабениот јен кој помогна да се зголеми конкурентноста на јапонските извозници.

Приходите истовремено се зголемени за 4,7 проценти, на 6,8 трилиони јени, наведува компанијата, додавајќи дека во тековната деловна година очекува нето профит од 50 милијарди јени и приходи од 7,5 трилиони, пренесува агенцијата Франс Прес.

Претходно овој месец, компанијата наведе дека повеќето извршни директори, вклучувајќи го и генералниот директор Казуо Хираија ќе се откажат од годишните бонуси за да ги надокнадат загубите во секторот за електронски уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП