20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ќе го открие новиот Polo на 16-ти јуни!

Volkswagen ќе го открие новиот Polo на 16-ти јуни!

„VW“ официјално потврди дека следната генерација на моделот „Polo“ ќе има „on-line“ премиера на средианта на овој месец, на специјален настан во Берлин. Првото појавување пред саемската публика е закажана за септември и авто-саемот во Франкфурт.

Во однос на актуелната генерација, „Polo VI“ ќе ја користи новата „MQB-A0“ механичка платформа, ќе има променет систем за суспензија и подобрена палета на мотори.

Кога станува збор за надворешните димензии, новиот „Polo“ ќе биде малку подолг и поширок од претходникот, но и полесен. Иако се очекува дека популарниот модел на „Volkswagen“ од „B“ сегментот ќе има еволутивен дизајн во однос на актуелната верзија, новата генерација ќе добие динамичен изглед и редизајнирани фарови.

За разлика од „Seat Ibizа“, која е достапна само во верзија со 5 врати, новиот „Polo“ ќе има верзија со три врати.

Што се однесува до моторот, се очекува „Volkswagen“ да го замени стариот 1.4 TSI со нов 1.5 TSI мотор, кој ќе произведува во опции со 130 ks и 150 ks. Oсновната верзија ќе го има трицилиндарскиот 1.0 бензинец, кој е достапен во верзии со 65 ks, 75 ks, 95 ks и 115 ks.

Дизел моделот ќе добива моќ од подобрен 1.6 TDI aгрегат, во повеќе верзии. Се шпекулира дека во врвот на понудата ќе се најде „Polo GTI“ со 2.0 литарски TSI мотор кој развива преку 200 „коња“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП