23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp воведува суспендирање и бришење на испратени пораки

WhatsApp воведува суспендирање и бришење на испратени пораки

Друштвената мрежа „WhatsApp“ наскоро ќе воведе нова опција „поништи“, со чија помош корисниците ќе можат да стопираат порака, фотографија, видео снимка или документи кои веќе се испратени на некого, доколку не сака примателот да ја добие.

Пораката за која испраќачот не сака да биде видена, ќе биде избришана. Опцијата „поништи“ ќе функционира со сите видови пораки, текстуални, фотографии, гифови и документи.

Корисникот ќе може да поништи или одговори на некој статус, но за тоа ќе има само пет минути. Секоја реакција која на статусот ќе биде подолго од пет минути нема да може да биде поништена.

Oваа опција е дел од новата верзија „WhatsApp-a 2.17.30“, која веќе е достапна во продавниците за апликации. Опцијата „поништи“, меѓутоа, се уште не е активирана.

Oпцијата ќе биде достапна кога програмерите на „WhatsApp“ со сигурност ќе утврдат дека на неа нема никакви недостатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП