23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Emirates Airlines зголемен за 52%

Профитот на Emirates Airlines зголемен за 52%

emirathesairlines1

Авиокомпанијата „Emirates Airlines“, со седиште во Дубаи во фискалната година завршена на 31 март 2013 година, оствари нето профит од 622 милиони долари.

Тоа е зголемување за 52 проценти во однос на претходната фискална година.

Во соопштението, кое го пренесуваат странските медиуми, компанијата наведува дека и приходите во истиот период се зголемени за 17 проценти, на 19,9 милијарди долари.

Проширена е и флотата на компанијата со 34 нови авиони, така што сега „Emirates Airlines“ располага со 200 авиони Ербас и Боинг, а воспоставени се и 10 нови дестинации.

Во минатата година, компанијата од Дубаи транспортирала 39,4 милиони патници, што е за 16 проценти повеќе од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП