19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓа и паѓа - Тереза Меј само што ја нокаутираше фунтата

Паѓа и паѓа – Тереза Меј само што ја нокаутираше фунтата

Со најавата дека не планира да го напушти премиерското место, Тереза Меј ја фрли фунтата во дополнителна загуба откако оваа валута потона на најниското ниво за пет месеци.

Фунтата загуби диполнителен пола цент и падна на 1,265 долари, што е најниското ниво од минатиот октомври.

„Отстапувањето на Меј би донело несигурност, но обидот да остане лидерка на пазарите им донесе многу повеќе непредвидливост и несигурност“, сметаат економските експерти.

Британската валута потона претходно на петмесечниот минимум откако стана се појасно дека владеачката Конзервативна партија ќе го загуби мнозинството во парламентот.

Фунтата во однос на еврото падна на најнискта вредност од февруари и вреди 1,132 евра.

Тоа значи дека за едно евро се добиваат 88,3 пени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП